Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе ја затвори Владата ако Конгресот не финансира изградба на ѕид на границата со Мексико, со цел да се спречи илегалната имиграција.
Трамп вели дека демократите треба да гласаат за граничната безбедност, која вклучува изградба на ѕид, како и други промени во имиграционата политика.
Но, поделеното републиканско мнозинство, заедно со демократите, двапати изминативе недели одбија да ги поддржат имиграционите промени на Трамп.
Претседателот, на неговиот Твитер профил, ги повика САД да воведат имиграционен систем базиран на вредност.
„Ни требаат одлични луѓе да доаѓаат во државата“, напиша тој.
Трамп истакна дека затворањето на Владата би се случило на крајот на фискалната година на 30-ти септември, пет недели пред конгресните избори во ноември.
Демократите ја искритикуваат заканата на Трамп да ја затвори Владата, велејќи дека тој е единствена личност која бара затворање на Владата, и која би потрошила милијарди долари на кампањски ветувања, отколку да обезбеди услуги за ветераните, бизнисот и децата.
Facebook Forum