Линкови за пристапност

Трамп нареди нелегалните имигранти да се исклучат од пописот


Да им се даде политичко влијание на лицата кои ги прекршуваат законите, би било нарушување на демократските принципи на САД, соопшти Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна наредба, со која забрани недокументираните имигранти да бидат дел од пописот 2020.

„Да им се овозможи да добијат претставник во Конгресот и политичко влијание на нелегалните лица, кои јасно ги прекршуваат нашите закони, би било нарушување на нашите демократски принципи“, соопшти Белата куќа, додавајќи:

„Дозволувајќи нелегалните лица да се бројат во пописот, исто така, би можело евентуално да доведе да се наградат сојузните држави, кои охрабруваат прекршување на Федералниот закон за имиграција, што би било потценување на нашиот систем“.

Администрацијата на Трамп претходно бараше да го користи пописот како начин да се идентификуваат недокументираните мигранти.

Администрацијата во 2018 година, рече дека би го вклучила прашањето за државјанство во пописот, но, Врховниот суд го отфрли овој план во 2019 година.

Правните експерти велат дека извршната наредба на Трамп многу веројатно ќе биде оспорена на суд.

Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, пак, рече дека „обидите да се користи пописот за политички цели е уште еден расистички обид на претседателот и администрацијата, кои неправедно гледаат на имигрантите како на непријател, а кои се всушност витален дел од нашата заедница“.

Пописот во САД се одвива секои 10 години. Оваа година процесот на попишување е продолжен, поради пандемијата на КОВИД-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG