Линкови за пристапност

Трамп вели дека привремено ќе ја прекине имиграцијата


Доцна синоќа, во порака на Твитер, Трамп пандемијата ја нарече „напад од невидлив непријател“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека привремено ќе ја запре имиграцијата во државата заради коронавирусот.

САД до сега имаат најмногу потврдени случаи на КОВИД-19 во светот.


Доцна синоќа, во порака на Твитер, Трамп пандемијата ја нарече „напад од невидлив непријател“, и потенцираше дека „има потреба од заштита на работните места на нашите американски граѓани“.

Тој не понуди детали, велејќи само дека потегот ќе биде во форма на извршна наредба.

САД до сега имаат најмногу потврдени случаи на КОВИД-19 во светот.

Во март, администрацијата на Трамп ги затвори границите со Мексико и Канада патувања што не се неопходни, и забрани вчез на странски државјани кои во последните 14 дена биле во Кина, Иран или во државите кои се дел од европската Шенген зона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG