Линкови за пристапност

Закани по живот за конгресменката Омар


Американската конгресменка Илхан Омар вели дека добива поголем број на смртни закани откако претседателот Доналд Трамп објави критичко видео за нејзините коментари за терористичките напади од 11-ти септември 2001-ва година.

Омар вели дека многумина од оние кои го загрозуваат нејзиниот живот се повикуваат на позицијата на претседателот Трамп. Таа посочи и на зголеменото насилство и омраза од страна на десничарски екстремисти во САД и светот, велејќи дека „повеќе не можеме да игнорираме дека тие се охрабрени“ од Трамп.

Претседателот Трамп во врска со говорот на Омар на Твитер напиша дека таа рекла „некој направил нешто“, по што следеа повеќе од 40 секунди од снимки од терористичкиот напади на 11-ти септември.

Критичарите на Омар ја користат оваа фраза за да ја обвинат заради релативизирање на нечовечноста на нападите од 2001-ва година, не споменувајќи го остатокот од нејзиниот говор.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека сеќавањата на 11-ти септември се „свети и секоја дискусија мора да се направена со почит."

Пелоси видеото на Трамп го нарече „баз почит и опасно“ и рече дека мора да биде отстрането.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG