Претседателот на САД Доналд Трамп ги поздрави амбасадорите и дипломатите од мнозинско муслиманските држави кои присуствуваа на ифтарска вечера во Белата куќа, по повод одбележувањето на крајот на последниот ден од постот за светиот месец Рамазан.
Претседателот Трамп го истакна Рамазан како „време за служење во добротворни цели и поврзување на семејствата и заедниците“.
Тој исто така зборуваше за надминување на нетрпеливоста и насилството кое се случи меѓу припадниците на различни вери во последниве неколку недели во Нов Зеланд, Шри Ланка и САД.
Трамп, исто така, повика на молитва за „идна хармонија и мир.“
За време на претседателската кампањата Трамп повика на целосна забрана за влез на муслимани во САД и потпишаа повеќе извршни наредби со кои се ограничува имиграцијата од неколку муслимански држави.
Facebook Forum