Линкови за пристапност

Трамп: САД се подготвени за Флоренс


Во соопштението од Белата куќа се наведува дека администрацијата е подготвена да им помогне на државите и локалните власти

По денешниот удар на ураганот Флоренс на копното на Јужна и Северна Каролина, претседателот на САД Доналд Трамп објави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) како и првите одговорни лица за спроведување на законот, ја имаат целосната негова подршка, наведувајќи дека тие прават „неверојатна работа“.

Трамп ги пренесе информациите за вонредна состојба на Твитер, уверувајќи ги луѓето дека неговата администрација е „целосно подготвена“ да се справи со ураганот. Тој во средата објави видео, велејќи дека „ние сме подготвени“, како и „може да се случат многу лоши работи кога станува збор за бура од вакви размери“.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека администрацијата е подготвена да им помогне на државите и локалните власти, вклучувајќи и распоредување на персонал од ФЕМА, Министерството за здравство и социјални служби како и американската крајбрежна стража. Инженерскиот корпус на армијата на САД, исто така, е распореден со привремени тимови за итна помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG