Линкови за пристапност

Ќе се одрази ли обвинението против Хуавеи врз трговските преговори САД - Кина?


Ваквата можност ги алармираше правните експерти, кои веруваат дека Одделот за првада треба да биде независен во водење на случаите

Претседателот на САД Доналд Трамп предизвика реакции откако неодамна изјави дека обвиненијата против кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи и неговиот финасиски директор, би можеле да бидат искористени за влијание во тековните трговски преговори на неговата администрација со Кина.

„Ќе разговараме за ова во текот на наредните неколку недели. Досега не е нешто што сме го зборувале“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, на крајот на минатиот месец.

Наводната желба на претседателот за можна замена на обвинението против Хуавеи и еден од неговите извршни директори, во корист на добар трговски договор со Кина алармираше некои правни експерти.

„Ако Белата куќа побара од Одделот за правда да го стопира случајот против Хуавеи, очекувам дека ќе има многу приговори и отпор против таквата одлука“, изјави Дејвид Лафман, кој до минатата година беше официјален претставник за национална безбедност во Одделот за правда.

Одделот за првада, пак, има долга традиција на независност во покренување обвиненија, но, критичарите велат дека честите напади на Трамп врз вработените во Одделот за правда ја нарушиле досегашната независност.

Поранешен федерален обвинител рече дека е многу неверојатно случајот со Хуавеи да биде афектиран од трговските преговори.

Преговорачките тимови на САД и Кина се очекува да ги продолжат разговорите во Кина следната недела, со цел да се постигне договор до крајот на април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG