Линкови за пристапност

Советникот за домашна безбедност на Трамп си поднесе оставка


Том Босерт, вишиот советник за домашна безбедност на Доналд Трамп, ненадејно си поднесе оставка од функцијата. Тој е последен од листата виши претставници кои ја напуштија актуелната администрација.

Иако не беше дадена никаква причина за неговата одлука, ова се случува на еден ден откако Џон Болтон и официјално стана трет советник за национална безбедност на Трамп во период од 15 месеци од неговото претседателствување.

„Блумберг њус“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Босерт си поднел оставка по барање на Болтон.

Босерт беше поставен на функцијата веднаш по инаугурацијата на Трамп и беше клучен советник за кибернетска безбедност. Тој воедно имаше клучна улога во одговорот на Владата по минатогодишните катастрофални урагани во Тексас, Порторико и Девствените Острови.

Босерт често се појавуваше во медиумите за да го претстави ставот на администрацијата на Трамп за терористичките закани, но не беше избран да стане советник за национална безбедност и да го замени Х.Р. Мекмастер. На оваа функција неодамна беше избран Џон Болтон, поранешниот американски амбасадор во Обединетите Нации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG