Линкови за пристапност

Извршна наредба за промени во Обамакеар


Идејата е младите луѓе да имаат поевтино и достапно здравствено осигурување

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна наредба, чија цел е поевтино здравственото осигурување, и редуцирање на здравствените бенефиции, кои ќе бидат лесно достапни за корисниците.

Идејата на новите политики е да се привлечат помлади и поздрави лица да купуваат индивидуално здравствено осигурување, со повеќе бенефиции, кои биле прескапи со Законот за здравствена заштита на претходниот претседател Барак Обама, познат како Обамакеар.

Но, овие промени предвидуваат старите и болни Американци да купуваат осигурување согласно Обамакеар, од компании кои многу веројатно ќе имаат повисоки цени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG