Претседателот Доналд Трамп прогласи итна состојба во јавното здравство ширум државата, по ескалација на кризата со опијати, која уби повеќе од 175 лица на ден, минатата година.
„Можеме да бидеме генерација која ќе стави крај на кризата со опијати“, рече Трамп, нагласувајќи дека треба да се лимитира побарувачката на опасните опијати.
Тој ги повика сите да бидат одговорни во употребата на опијатите, и да им помогнат на најблиските, во борбата против оваа епидемија.
„Работејќи заедно ќе ја надминеме зависноста од опијати во Америка. Ќе победиме“, нагласи Трамп.
Високи официјални претставници претходно изјавија дека вонредната состојба ќе им овозможи на сојузните држави пристап до средства во Федералниот фонд за помош од катастрофи, кој најчесто се користи во спасувачки активности, поврзани со катастрофи, како урагани.
Според нив, сојузните држави ќе добијат поголема флексибилност да користат федерални фондови, ќе се дозволи поширока употреба на телемедицината, а ќе се озвозможи и отстранување на некои регулативи.
Официјални лица велат дека претседателот треба да потпише меморандум, со кој ќе му се наложи на Одделот за здравство и социјална работа да прогласи вонредна состојба, како и да им даде директива на сите федерални агенции да користат какви било итни мерки за намалување на смртта од опијати.
Тие велат дека вонредната состојба ќе трае 90 дена, по што може да биде повторно воведена.
Facebook Forum