Претседателот Доналд Трамп ја поддржа идејата за вооружување на наставници во училиштата, за време на вчерашниот разговор во Белата куќа со ученици и родители, сведоци на масовни убиства во училиштата.
Тој, исто така, рече дека распоредување на поранешни воени лица низ училиштата може многу да помогне во решавање на овој проблем.
„Ќе ја разгледаме оваа можност одблиску“, изјави Трамп.
Сенаторот Марко Рубио, пак, вчеравечер, на јавен настан на телевизиската мрежа Си-ен-ен во Флорида, на кој учествуваа преживеани во минатонеделниот масакр во средното училиште во Паркленд, рече дека не поддржува вооружување на наставниците.
На прашањата на ученици, родители и наставници, Рубио истакна дека затегнување на регулативите за контрола на оружје, нема да спречи идни убиства.
Сепак, тој поддржува минимална возрасна граница за купување оружје, како и забрана на додатоци за рафална стрелба, познати како „бамп-сток“, со кои полуавтоматското оружје станува автоматско.
Денеска, Трамп се очекува да одржи уште еден состанок за училишната безбедност, овојпат со локални и официјални лица од сојузните држави.
Facebook Forum