Линкови за пристапност

Владиното финансирање може да биде продолжено за две седмици


Конгресните лидери од Трамп побарале продолжување на владиното финансирање поради погребот на 41-виот претседател на државата, Џорџ Х.В. Буш

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е подготвен да се согласи за дво-неделно продолжување на владиното финансирање со цел да се избегне конфликт со церемониите во чест на починатиот поранешен претседател Џорџ Х.В. Буш.

Зборувајќи со новинарите во претседателскиот авион Air force One за време на враќањето од Самитот на Г-20 во Агрентина, Трамп рече дека конгресните лидери побарале од него продолжување на владиното финансирање поради погребот на Буш и другите настани оваа недела во чест на 41-виот претседател на државата. Трамп рече дека „апсолутно ќе го разгледа барањето и веројатно ќе го одобри“.

Рокот за финансирање на одредени владини активности истекнува во петок, иако повеќето од американските агенции се веќе финансирани се до следниот септември.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно рече дека „целосно ќе биде подготвен“ делумно да ја затвори Владата, ако не добие повеќе средства за ѕидот по должината на границата на САД со Мексико, кој треба да ги спречи мигрантите од Централна Америка да влегуваат во државата.

Трамп тогаш рече дека инсистира изградбата на ѕидот вредна пет милијарди долари да биде вклучена во мерките кои Конгресот треба да ги одобри за да ги задржи отворени неколкуте федерални агенции откако ќе помине рокот за нивно финансирање кој истекува на 7-ми декември.

Но, законодавците се согласија да одобрат само 1,6 милијарди долари за граничната безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG