Средбата во Белата куќа помеѓу актуелниот претседател на САД и истакнат бизнисмен кој сака да стане претседател на Тајван предизвика загриженост.
Белата куќа ја минимизира дипломатската и политичката чувствителност, велејќи дека претседателот Трамп и основачот на компанијата Фокскон, Тери Гоу не разговарале за поддршката на претседателската кампања на тајванскиот милијардер.
Сепак, тајванскиот бизнисмен по состанокот на Фејсбук и во дискусијата со новинарите кажа дека му кажал на претседателот за неговата кандидатура, а Трамп одговорил дека функцијата претседател „била тешка работа“.
Тој, исто така се пофали дека од сите кандидати за претседател, тој е единствениот кој обезбедил состанок во Овалната канцеларија.
Гуо сака да ја добие номинацијата од опозицијата на претседателските избори во Тајван во 2020-та година.
Се смета дека опозиционата партија Куоминтанг е поусогласена со Пекинг отколку што е владејачката Демократска прогресивна партија на претседателката Цаи Ин-вен.
Facebook Forum