Линкови за пристапност

Се` поблизу до нов закон за даноците во САД


Претседателот Доналд Трамп вети пониски даноци и поголеми плати за Американците, почнувајќи од февруари, ако Конгресот го усвои предлог-законот реформи во даночниот систем и го испрати кај него на потпис пред Божиќ.

Трамп се обрати од Белата куќа, откако преговарачите од Претставничкиот дом и Сенатот ги приближија ставовите околу предлог-законот којшто можно е да помине во обата дома.

„Ова е за луѓето со средни приходи, ова е за компаниите што ќе создадат работни места“.

Но, нацрт-законот се` уште има многу критичари во Конгресот, вклучувајќи и некои умерени републиканци. Досега ниту еден демократ не излезе со поддршка на планот.

Некои аналитичари велат дека постојат поголеми шанси компаниите, добивките од помалите даноци да ги дадат на акционерите, наместо да инвестираат во нови фабрики и да создадат нови работни места.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG