Линкови за пристапност

Трамп ги предупреди Гугл, Твитер и Фејсбук да не манипулираат со пребарувањето


Претседателот тврди дека граѓаните се жалат на пристрасни информации на пребарувачите на социјалните медиуми

Претседателот на САД Доналд Трамп ги предупреди Гугл, Твитер и Фејсбук да бидат претпазливи, велејќи дека газат на многу проблематична територија.

Трамп го рече ова само неколку часа откако објави на Твитер дека пребарувачот на Гугл е направен намерно да објавува информации, кои не се во корист на неговата администрација

Претседателот тврди дека граѓаните се жалат на пристрасни информации на пребарувачите на социјалните медиуми.

„Буквално имаме илјадници поплаки кои доаѓаат. Едноставно не може тоа да се прави“, рече Трамп, и додаде дека е подобро Гугл да биде претпазлив.

Гугл одговори на критиката на Трамп, нагласувајќи дека не може да промовира чија било политичка агенда.

„Никогаш не ги рангираме резултатите за да манипулираме со политичките чувства“, изјави компанијата, додавајќи дека главната цел е корисниците да ги добиваат во секунда најрелевантните информации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG