Линкови за пристапност

Трамп се закани со истрага против Гугл


Американскиот претседател неодамна ја обвини компанијата за несоодветен однос кон неговите следбеници на интернет и дека на изборите во САД технолошкиот гигант работел во корист на демократите

Претседателот на САД Доналд Трамп предупредува дека неговата администрација може да започне истрага против Гугл, заради наводно инфилтрирање на кинеската влада во овој американски технолошки гигант.

Претходно, милијардерот Питер Тиел изјави дека ЦИА и ФБИ треба да спроведат истрага против Гугл заради можното предавство од страна на компанијата во начинот на кој водат бизнис со Пекинг.

Тиел тврди дека виши кинески воени и разузнавачки претставници „најверојатно се инфилтрирале во Гугл,“ обвинение кое тој го повтори и во интервјуто дадено за Фокс њуз порано неделава.

Заканата на Трамп за истрага е најнов развој во спорот со Гугл. Американскиот претседател неодамна ја обвини компанијата за несоодветен однос кон неговите следбеници на интернет и дека на изборите во САД технолошкиот гигант работел во корист на демократите.

Гугл ги негираше овие наводи и неодамна започна повторно да ја истражува модифицираната верзија на интернет пребарувачот, чиј развој беше стопиран во 2010 –та година во знак на протест поради напорите на кинеската влада да ги ограничи резултатите од пребарувањето.Гугл вели дека нема планови за користење на најновата верзија.

Администрацијата на Трамп и конгресните републиканци изразија голема загриженост за активностите на Гугл во Кина, тврдејќи дека Пекинг може да ја украде технологијата на компанијата и да ги зајакне своите активности.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG