Линкови за пристапност

Светскиот турнир за голф од Мајами се сели во Мексико сити


Организаторите велат дека потегот на е врзан со политиката на Трамп, на чиј терен шампионатот се одржува од 2007-ма

Професионалниот турнир во голф се сели од теренот во Мајами, сопственост на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, во Мексико сити.

Организаторот Тим Финчем, кажа дека промената не е политички мотивирана, туку заради неможност турнирот да обезбеди спонзорство на теренот на Трамп, „Дорал“ на ниво што би било соодветно за настанот, како и да помогне да се развива и во иднина.

Турнирот се организираше на оваа локација уште од 2007-та година, со станици во Шпанија, Ирска, Англија и на други места во САД.

Трамп оваа одлука ја нарече ден на жалост за Мајами, за САД и за голфот. Тој ги критикуваше американските компании за префрлање на нивните бизниси во странство, за време на неговата претседателска кампања, како и тоа дека одлуката турнирот да се пресели во Мексико Сити, дополнително покажува зошто е во трката.

„Гласајте за Трамп, и ако станам Ваш претседател, сето ова ќе запре“, изјави тој пред своите симпатизери во Калифорнија.

XS
SM
MD
LG