Линкови за пристапност

Трамп наводно барал помош од Владата на Британија да го избере неговото голф игралиште за Британскиот шампионат во голф


Њујорк тајмс објави дека претседателот побарал од американскиот амбасадор во Британија да ја исконтактира Британската влада за помош

Амбасадорот на САД во Британија Роберт Џонсон им кажал на колегите во февруари 2018 година, дека претседателот Доналд Трамп побарал од него да ја исконтактира Британската влада, со цел да му помогне неговото голф игралиште да биде дел од Британскиот шампионат во голф, објави Њујорк тајмс.

Весникот објави дека текстот е базиран врз информации од три лица, кои биле запознаени со овој случај.

Според изјавата од Британската влада, Џонсон не поднел до неа никакви барања за натпреварот.

Њујорк тајмс објави дека амбасадорот Џонсон, Стејт департментот и Белата куќа, одбиле да дадат коментар за овој настан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG