Линкови за пристапност

Трамп ја призна власта на Израел врз Голанската висорамнина


Преку коментар на Твитер претседателот сигнализираше значајна промена во американската надворешна политика

Претседателот на САД Доналд Трамп, преку коментар на неговиот Твитер профил, ја призна власта на Израел врз Голанската висорамнина, сигнализирајќи значајна промена во американската надворешна политика.

„Време е САД да го признаат авторитетот на Израел врз Голанската висорамнина, што Израелците ја презедоа од Сирија за време на војната во 1967 година“, напиша Трамп на Твитер.

Изјавата на Трамп доаѓа во време кога државниот секретар Мајк Помпео е во посета на Ерусалим, придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Кусо откако Трамп ја објави неговата изјава, Помпео и Нетанјаху одржаа прес конференција, при која израелскиот премиер ја пофали одлуката.

„Претседателот Трамп направи историја. Му се заблагодарив во име на народот на Израел. Пораката што претседателот Трамп ја испрати е дека САД стојат зад Израел. Ние сме длабоко благодарни за поддршката од САД“, рече Нетанјаху.

Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер во Вашингтон следната недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG