Претседателот Доналд Трамп, денеска ги искритикува американските трговски партнери, вклучувајќи ги и сојузниците во Европа и Канада, велејќи дека САД повеќе нема да го толерираат она што тој го нарекува „трговско искористување“.
„За жал, не можеме да дозволиме нашите пријатели или непријатели да ги искористат предностите на трговијата. Ние мора на прво место да го ставиме американскиот работник“, рече тој.
Тоа беше сам дел од низата пораки во кои претседателот тврди дека САД „плаќаат за НАТО колку сите други членки заедно“, додека други земји-членки ја искористуваат американската трговија.
„Ја штитиме Европа (што е добро) со голема финансиска загуба, а потоа неправедно сме обвинети за трговија“, рече тој и додаде: „Промената доаѓа“.
Членките на НАТО, генерално, плаќаат директни финансиски придонеси врз основа на нивниот економски резултат, а како најголема економија во светот, САД придонесуваат со поголем износ од другите земји. Индиректно, членките на НАТО придонесуваат за алијансата преку големината на нивните воени буџети, а САД се повторно на врвот од листата.
Американскиот претседател замина за Сингапур каде треба да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, откако присуствуваше на состанокот на лидерите на Г-7 во Канада.
По заминувањето на Трамп, канадскиот премиер Џастин Трудо, одлуката на американскиот претседател да воведе нови царини за алуминиум и челикја, ја нарече „навреда“ поради долгата историја на канадските војници што ги поддржуваат САД во конфликтите.
Трудо, исто така, вети дека ќе одговори со реципрочни мерки за САД, почнувајќи од 1-ви јули.
Трамп уште веднаш им наредил на официјалните лица да одбијат да го потпишат традиционалното коминике и упати критики изјавувајќи дека изјавите на Трудо се лажни.
„Премиерот на Канада, Џастин Трудо, се однесуваше толку мирно за време на нашите состаноци на Г-7, за потоа на прес-конференција откако ќе заминам да каже дека „царините на САД биле вид на навреда. Тоа е многу нечесно. Нашите царини се одговор на неговите 270 проценти на млечни производи“, изјави Трамп.
Трамп во порака преку Твитер, додаде,: „Фер трговијата не треба да се нарекува „неуспешна“ трговија, ако не е реципрочна“, и дека Трудо „се навредувал кога така ќе се нарече“.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, ги минимизираше несогласувањата во односите со Г-7.
Трудо не одговори на нападите на Трамп, но објави дека самитот бил успешен.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека повлекувањето на Трамп од коминикето преку Твитер е „отрезнувачко и малку депресивно“.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја нападна позицијата на Трамп, велејќи: „Меѓународната соработка не може да биде диктирана со напади на бес и одбивни забелешки“. Тој го нарече одбивањето на Трамп да го потпише коминикето „некохерентност и недоследност“.
Републиканскиот сенатор Џон Мекејн, главен критичар на Трамп, понуди поддршка на другите шест светски лидери на канадскиот самит.
Трудо и Меј, исто така, покренаа уште едно големо прашање за Трамп: Русија. Трамп предложи Русија да се придружи на групата откако беше исфрлена во 2014-та година, кога го анексираше Крим. Канадскиот премиер Трудо, рече дека не е „заинтересиран“ да ја врати Русија во групата.
Меј притоа истакна: „Ние се согласивме да бидеме подготвени да преземеме понатамошни рестриктивни мерки против Русија, ако е потребно“.