Линкови за пристапност

Трамп ќе прескокне дел од седниците на Самитот Г-7


Претседателот ќе го напушти Самитот во сабота наутро, и ќе отпатува за Сингапур

Пред почетокот на Самитот на Г-7 во Канада, претседателот на САД Доналд Трамп го изненади домаќинот Џастин Трудо, најавувајќи дека ќе прескокне дел од седниците, соопшти Белата куќа.

Преку две пораки на Твитер, Трамп ги обвини канадскиот премиер и францускиот претседател Емануел Макрон, за „возвраќање на обемните царини на САД“ и создавање „немонетарни бариери“.

Трамп, исто така, кажа дека Трудо бил лут во врска со меѓуграничната трговска соработка.

Реакцијата на Трамп доаѓа откако лидерите на Обединетото Кралство, Италија, Јапонија, Германија и на Европската унија го започнаа нивниот годишен состанок, за да видат дали можат да соработуваат и евентуално да постигнат договор за глобална безбедност и меѓународна економија.

Белата куќа вели дека Трамп ќе го напушти Самитот во сабота наутро, и ќе отпатува за Сингапур, во пресрет на неговата средба со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун во вторник.

Трамп рече дека ќе го покани лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун во САД, доколку нивниот состанок во Сингапур на 12-ти јуни помине добро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG