Белата куќа соопшти дека Групата од седум лидери на најразвиените економии во светот ќе се состане на имот на американскиот претседател Доналд Трамп во сојузната држава Флорида.
Одмаралиштето каде се планира да се одржи следниот самит е на 320-хектари во Мајами.
Некои членови на опозиционата Демократска партија велат дека изборот на личен имот на Трамп за средбата е пример за корумпираноста на претседателот.