Линкови за пристапност

Трамп најави прво патување во странство


Американскиот претседател подоцна месецов ќе ги посети Саудиска Арабија, Израел и Рим

Белата куќа соопшти дека првата посета на претседателот Доналд Трамп во странство ќе биде Саудиска Арабија, каде ќе се сретне со лидери од бројни муслимански држави на разговори за координирана идеолошка кампања против радикалниот ислам.

Посетата е закажана за подоцна месецов.

Следно на агендата на лидерот на САД ќе биде посета на Ватикан и средба со Папата Францис, во обид да го заживее блискоисточниот мировен процес.

Трамп изјави дека посетите како претседател „ќе започнат со вистински историски собир во Саудиска Арабија со лидерите од целиот муслимански свет“.

Претседателот кажа дека причина зошто ќе започне оттаму е бидејќи Саудиска Арабија е „чувар на двете најсвети места за исламот, и оттука ќе започнеме да градиме нова основа за соработка и поддршка за нашите муслимански сојузници во борбата против екстремизмот, тероризмот и насилството, и да изградиме надежна иднина за младите муслимани во нивните земји“.

Според Белата куќа за време на посетата на Израел, Трамп ќе разговора за „начините за унапредување на вистински и траен мир меѓу Израелците и Палестинците.“

За време на Рим, американскиот претседател ќе оствари средба и со италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој ќе биде домаќин на самитот на Г-7 во Сицилија подоцна месецов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG