Линкови за пристапност

Трамп: Американската надворешна политика е катастрофална


Во прв голем говор за целите на надворешната политика Доналд Трамп рече дека „ИСИС ќе го снема многу брзо“ ако тој стане претседател.

Доналд Трамп, водечкиот републикански претседателски кандидат, во среда побара голема промена на надворешната политика на САД за да се стават во преден план американските интереси, тврдејќи дека во моментов „таа е комплетно и тотално катастрофална“.

Трамп, некогашен водител на реално шоу на телевизијата, немаше претходно зборувано за целите на надворешната политика на сеопфатен начин. Но, во 38-минутен говор во хотел во Вашингтон, тој го нападна начинот на кој претседателот Барак Обама се справува со надворешнополитички прашања и одлуките на неговиот некогашен прв дипломат, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Клинтон е најверојатниот избор на Демократската партија за кандидат кој ќе се соочи со Трамп доколку овој стане номинација на Републиканската партија за ноемвриските национални избори.

Трамп надворешната политика на Обама ја нарече„неодговорна,без лидерство и безцелна“. Тој кажа дека „нема визија, нема насока и нема стратегија“.

Но, тој исто така го обвини, без да го именува, претседателот Џорџ В. Буш за политиката која довела до долгогодишна војна во Ирак по терористичките напади на САД во 2001-ва.

Трамп кажа дека грешките на САД направени на Блискиот исток „започнале со опасната идеја дека можеме да направиме западна демократија во држави кои немаат искуство, ниту пак волја да станат западни демократии. Ние ги уништивме институциите што таму постоеја и бевме изненадени од тоа што таму се отвори: граѓанска војна, религиозен фанатизам, илјадници убиени Американци, и многу, многу изгубени животи, без добра причина“.

Тој вети дека доколку биде избран за претседател откако Обама ќе замине во јануари, ќе ги уништи бунтовниците на Исламската држава на Блискиот исток.

„ИСИС ќе го нема“, рече Трамп. „И тоа многу, многу бргу“.

Во говорот тој исто така рече „нашите сојузници не придонесуваат колку што треба“ додавајќи дека само четири од 28 членки на НАТО трошат два проценти од нивниот национален економски производ на армиски и одбранбени програми. Тој кажа дека ако тие одбиваат да ги зголемат овие трошоци САД треба да бидат подготвени да им дозволат да ги плаќаат за нивните сопствени одбранбени трошоци наместо да бидат заштитени од НАТО пактот.

XS
SM
MD
LG