Линкови за пристапност

Трамп бара закон за ревизија на странските технолошки инвестиции


Американскиот претседател рече дека ако Конгресот не усвои легислатива, тој ќе ги искористи „постојните овластувања“ да ја заштити националната безбедност

Претседателот на САД Доналд Трамп врши притисок Конгресот да одобри легислатива која ќе и` даде нови можности на Владата да врши ревизија на странските технолошки инвестиции во САД, со цел, заштита на националната безбедност.

Трамп првично побара ограничување за кинеските инвестиции во американски технолошки компании и извозот на високо технолошки производи во Кина. Сепак, подоцна побара законодавците да го подобрат постоечкиот процес на ревизија.

Тој кажа дека подобрениот процес ќе и` даде можност на администрацијата „за заштита од новите растечки закани кои доаѓаат од странските инвестиции, истовремено одржувајќи силна и отворена инвестициона клима на која државата е посветена и која придонесува за развој на економијата и нашите граѓани“.

Трамп додаде дека ако Конгресот не успее да усвои законска регулатива, тој ќе ги искористи „постојните овластувања“, за да спроведе глобална ревизија на безбедносните закани кои произлегуваат од трансферот на технологии.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG