Линкови за пристапност

Трамп: Флин не доби фер третман од истражителите


Поранешниот советник за национална безбедност во петокот призна оти лажел пред ФБИ, за неговите контакти со рускиот амбасадор во САД

Претседателот Доналд Трамп изјави дека поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин не добил фер третман од страна на истражителите, кои работат на случајот за руското мешање во изборите во САД.

Флин во петокот се изјасни за виновен оти лажел пред ФБИ, за неговите контакти со рускиот амбасадор во САД. Разговорите се случиле неколку недели пред инаугурацијата на Трамп.

Претседателот ги спореди лагите на Флин пред ФБИ со коментарите на демократката Хилари Клинтон, кога федералните истражители прашале за нејзината употреба на приватен имејл додека била на функцијата државна секретарка.

Поранешниот директор на Бирото Џејмс Коми, за време на сведочењето во јули минатата година, кажа дека ФБИ нема основа да верува дека Клинтон не ја зборувала вистината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG