Линкови за пристапност

Трамп: Сите завршија неверојатна работа во Флорида


Претседателот денес ја посети оваа сојузна држава, која ја прогласи за најпогодена од ураганот Ирма

Претседателот Доналд Трамп ги поздрави напорите на Армијата и на итните служби, во справување со штетите од ураганот Ирма, при денешната посета на Флорида.

„Сите завршија неверојатна работа“, рече Трамп, кусо по пристигнувањето во Форт Мајерс.

Во бурата во Флорида има најмалку 25 мртви, а претседателот ги поздрави напорите на спасувачките служби во спречување на уште повеќе жртви

Трамп и првата дама Меланија ги придружува потпретседателот Мајк Пенс. Според агендата, треба да го посети и градот Нејплс, а планира и да се сретне со граѓани, погодени од силната бура.

Тој ја прогласи Флорида за најуништен предел од ураганот. Спасувачките активности се и натаму во тек, но официјални лица велат дека ќе биде потребно долго време за санирање на штетата од ураганот, којшто воедно уништи и неколку Карипски острови.

Во моментов, враќањето на електричната енергија, е главен приоритет во Флорида, каде околу 30 проценти од сојузната држава се` уште е без струја. Надлежните велат дека за обновување на системот ќе бидат потребни недели.

Франција и Велика Британија ветија помош за нивните територии на Карибите, кои беа погодени во бурата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG