Линкови за пристапност

Финансиски извештај ја открива исплатата на Трамп за Сторми Даниелс


Претседателот ја негираше аферата, но, неодамна потврди дека му исплатил на адвокатот средства, со цел да спречи лажни обвинувања

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека му платил на неговиот личен адвокат повеќе од 100.000 долари за непрецизирани трошоци.

Во неговиот годишен финансиски формулар, објавен од Канцеларијата за владина етика, Трамп признава дека целосно го компензирал неговиот личен адвокат Мајкл Коен, во износ меѓу 100.000 до 250.000 долари за трошоци за 2016-та година.

Адвокатите на Трамп претходно изјавија дека претседателот му исплатил на Коен 130.000 долари, за исплатата на порно актерката Сторми Даниелс последните недели од претседателските избори во 2016-та година, која била направена за да не зборува јавно за наводната сексуална врска што ја имала со Трамп пред десет години.

Трамп ја негираше аферата, но, неодамна потврди дека му исплатил на Коен средства, со цел да ја спречи Даниелс да шири лажни обвинувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG