ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп бара Федералните резерви да направат поголеми намалувања на каматните стапки за да останат конкурентни со другите држави.
Тој тврди дека економскиот застој е како резулатат на банкарите, а не Кина.
„Треба да ги намалат побрзо“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:
„Нашиот проблем не е Кина. Нашиот проблем се Федералните резерви кои се прегорди да ја признаат грешката оти делуваат пребрзо“.
Претседателот често ги критикува Федералните резерви, а неговото последно барање за Централната банка е да ги намали каматните стапки со цел да ја стимулира економијата пред изборите следната година.
Facebook Forum