Линкови за пристапност

Трамп испрати федерални агенти во уште два града да се справат со криминалот


Крвопролевањето мора да престане, рече Трамп, најавувајќи проширување на акцијата

Претседателот на САД Доналд Трамп испрати федерални агенти во два дополнителни градови, со цел да се справат со зголемениот број убиства.

„Крвопролевањето мора да престане“, рече Трамп, најавувајќи проширување на акцијата против криминалот во државата.

Главниот правобранител Вилијам Бар, рече дека ваквата акција почнала пред две недели во Канзас Сити, при што биле упасени 200 лица, а ќе продолжи во Албакерки, Њу Мексико, и во Чикаго, Илиноис.

Околу 200 федерални агенти се испратени во Чикаго, и 35 во Албакерки.

„Помошта е на пат“, им порача Трамп на жителите на Чикаго.

Сепак, на ваквата помош се спротивставуваат градските власти. Градоначалничката на Чикаго Лори Лајтфут, вели дека најавата на Трамп има политичка позадина.

Според неа, ова е обид да се одврати вниманието од неговиот неуспех да се справи со пандемијата.

Според Федералното истражно биро (ФБИ), стапката на криминал во САД се намалува изминативе години.

Бар, пак, рече дека бројакта почнала повторно да се зголемува при крајот на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG