Линкови за пристапност

ФБИ останува во центарот на Вашингтон?


Демократите тврдат дека Претседателот Трамп од лични мотиви го попречува планираното преместување на седиштето на Федералното истражно биро

Неодамна објавена владина преписка по електронска пошта индицира дека претседателот Доналд Трамп директно интервенирал во плановите седиштето на ФБИ да остане во центарот на Вашингтон, и покрај долго планираното преместување во предградието.

Демократите во Комисијата за надзор во Преставничкиот дом ги објавија пораките во четвртокот. Тие го нарекоа потегот на претседателот чист конфликт на интереси бидејќи хотелот во сопственост на Трамп е лоциран на Авенијата Пенсилванија спроти зградата на ФБИ.

Законодавците велат дека Трамп отсекогаш ја сакал локацијата на објектот на ФБИ. Со оглед на тоа што како претседател е неподобен за тоа, сега сака да спречи било кој друг да го купи местото и таму да изгради конкурентен хотел, тврдат тие.

Сегашната зграда на ФБИ е изградена во 1974 година. Таа е мала и во лоша состојба. Нејзината локација во метежот на центарот на градот ги прави неопходните безбедносни надградби речиси невозможни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG