Линкови за пристапност

Трамп: Нема поврзаност меѓу мене, кампањата и Русите


Во интервју за Ен-Би-Си, претседателот призна оти очекувал последици по одлуката за отпуштање на директорот на ФБИ

Претседателот на САД Доналд Трамп, во вчерашното интервју за телевизијата Ен-Би-Си, потврди дека не постои поврзаност помеѓу победничката претседателска кампања и Руската влада.

Трамп, кој изненадно го отпушти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми на почетокот на оваа недела, изјави дека ФБИ било во „виртуелен хаос“.

„Тој привлекуваше внимание со неговото однесување. ФБИ се наоѓа во конфузија, го знаете тоа. Јас го знам тоа, и сите го знаат тоа. Ако го погледнете ФБИ изминатава година, тоа беше во виртуелен хаос. Помалку од една година, и се` уште не е опоравено од тоа“, изјави Трамп.

Белата куќа негираше дека отпуштањето на Коми е поврзано со продолжената истрага на Бирото за руско мешање во изборите во САД, вклучувајќи и можна улога на советници од кампањата на Трамп, и нивни контакти.

Трамп негираше каква било вклученост, и рече дека сакал истрагата да биде завршена соодветно.

„Нема поврзаност меѓу мене, мојата кампања и Русите. Друга работа е што Русите не го афектираа гласањето. И изгледа сите мислат така“, рече Трамп.

Но, тој се согласи за време на интервјуто, дека очекувал потенцијални последици од неговата одлука за истрагата.

По отпуштањето на Коми, помошниците на Трамп велат дека претседателот отишол предалеку со отказот, базиран на препораки од неговиот заменик-главен правобранител Род Розенстајн.

Трамп, исто така додаде, дека Коми го осигурал за време на вечера, како и во два телефонски разговори, дека Трамп лично не бил под истрага.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG