Линкови за пристапност

Трамп до Европа за одбраната: „Платете или бранете се сами“


Претседателот на САД со критика поради трошоците за одбрана и трговскиот суфицит

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се врати во Вашингтон по комеморацијата на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна во Париз и веднаш ја нападна Европа поради трошоците за одбраната и трговскиот суфицит.

Трамп во порака на Твитер рече: „многу беше постигнато“ на неговите средби со останатите светски лидери. Но, тој рече дека „никогаш не е лесно да се прифати фактот дека САД мора да бидат третирани фер, што не се прави, и во одбраната и во трговијата.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1061952604807274498

Лидерот на САД рече: „ние плаќаме голем дел за воената заштита на други земји, стотици милијарди долари, за големата привилегија да губиме стотици милијарди долари со истите тие земји во трговијата.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1061954325843468288

Трамп додаде: „Ѝм кажав дека оваа ситуација не може да продолжи таква каква што е и каква што од секогаш била, смешно неправедна кон САД. Големи суми на пари се трошат за заштита на други држави, а ние не добиваме ништо освен трговски дефицит и загуби. Време е овие многу богати држави или да ѝм платат на САД за големата воена заштита или да се штитат сами... и трговијата мора да биде слободна и фер. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1061957074253418496

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG