Линкови за пристапност

Пријатели сме долго време, рече Трамп по средбата со Ердоган


Претседателот на САД истакна дека со турскиот претседател разговараат за набавката на рускиот систем за противвоздушна одбрана

Ние сме пријатели долго време, изјави претседателот на САД Доналд Трамп, по денешната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа.

Ова е втора нивна средба во време кога односите меѓу Вашингтон и Анкара се наоѓаат на најниско ниво досега.

„Си ги познаваме државите“, додаде Трамп.

Ердоган неодамна ги разлути американските официјални лица поради игнорирање на предупредувањата да не изврши напад во северниот дел на Сирија, таргетирајќи ги сириските Курди.

Турскиот лидер предизвика реакции кај американските официјални лица за безбедност и поради набавката на системот за противвоздушна одбрана од Москва.

„Ќе разговараме за С-400“, рече Трамп, одговарајќи на прашањето за односите околу одбраната.

На почетокот на неделава, двопартиска конгресна група испрати писмо до Трамп, во кое побара да го откаже состанокот со турскиот претседател, поради акциите на Ердоган во Сирија и набавката на рускиот систем за одбрана.

„Земајќи ја предвид ситуацијата, веруваме дека во овој момент е несоодветно претседателот Ердоган да ги посети САД“, напишаа законодавците во писмото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG