Линкови за пристапност

Трамп: Имам апсолутно право да прогласам вонредна состојба


Шеснаесет сојузни држави ја тужат администрацијата, тврдејќи дека декларацијата е нелегална и противуставна

Претседателот на САД Доналд Трамп тврди дека има апсолутно право да прогласи вонредна состојба за да го изгради ѕидот на границата со Мексико, без Конгресот да одобри пари за тоа.

Шеснаесет сојузни држави го тужат Трамп во федералниот Суд во Калифорнија, каде судиите претходно вратија многу други иницијативи на претседателот во текот на неговото 25 месечното претседателствување.

Сепак, Трамп изјави дека верува оти правните постапки ќе поминат многу добро.

При неговото објавување на вонредната состојба, Трамп рече дека очекува првично да ги изгуби правните битки во пониските судови, но, оти ќе победи во Врховниот суд.

Сојузните држави тврдат дека декларацијата е нелегална и противуставна, и оти им штети на нивните граѓани, бидејќи предвидува да се земат пари од програмите за превенција од дрога, проекти за војската и од други владини агенции.

Тие бараат од судот трајно да и` забрани на администрацијата на Трамп да префрли пари од кое било место од Владата за да гради пограничен ѕид, или да гради ѕид без Конгресот да одобри средства за таа намена.

Трамп планира да префрли осум милијарди долари од други агнеции за да го изгради ѕидот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG