Линкови за пристапност

Трамп повторно се сомнева во извештаите за наводна руска вмешаност во изборите


Новоизбраниот американски претседател во низа пораки на Твитер прашуваше зошто Демократскиот национален комитет бил "толку невнимателен" по фактот дека бил извршен хакерски напад врз илјадници електронски пораки на Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп на две недели пред преземање на функцијата, и натаму критикува одредени медиуми и се сомнева во веродостојноста на извештаите на американските разузнавачки агенции дека Русија е вмешана во претседателските избори во САД.

Трамп во низа пораки на Твитер прашуваше зошто Демократскиот национален комитет бил "толку невнимателен" по фактот дека бил извршен хакерски напад врз илјадници електронски пораки на Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон, како и тоа зошто партијата немала соодветна одбрана против вакви напади како примерот со Републиканскиот национален комитет.

Новоизбраниот американски претседател го цитираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој кажал дека "дури и 14-годишник би можел да пробие во пораките на Подеста" и дека "Русите не му ги дале информациите"! Непосредно пред изборите на 8-ми ноември, Викиликс објави илјадници имеил пораки на Подеста, но не го обелодени изворот на информацијата.

Директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер, Федералното разузнавачко биро (ФБИ) и Одделот за домашна безбедност, минатата недела објавија заеднички извештај во кој руски разузнавачки агенции се обвинуваат за хакерски напади чија цел била да влијаат врз изборите во САД во полза на Трамп.

Претседателот Барак Обама потоа воведе санкции врз две руски агенции, протера 35 руски агенти од САД, и затвори два објекта каде биле вршени руски операции.

XS
SM
MD
LG