Линкови за пристапност

Трамп се залага за построги закони за идентификација на избирачите


Ова дојде еден ден по распуштањето на панелот кој ги истражуваше тврдењата дека во изборите во 2016-та имало неправилности

Американскиот претседател Доналд Трамп, повика на построги закони за идентификација на гласачите, еден ден откако ја распушти Комисијата задолжена за истрага по неговите тврдења за масовна измама при гласањето.

Претседателот не изнесе докази во поткрепа на тврдењето дека милиони луѓе нелегално гласале во 2016-та година. Тој победи на изборите со гласање на Изборниот колеџ, додека изгуби во трката со Хилари Клинтон според пребројувањето на сите гласови за околу три милиони гласа.

Во серијата пораки на Твитер, Трамп рече дека Комисијата не успеала да најде докази, бидејќи во „голем број претежно демократски сојузни држави“, раководството одбило да ги предаде информациите за гласачите.

„Како Американци, ви треба идентификација за се`, освен за најважната работа - гласањето. Да извршиме притисок за усвојување гласачка легитимација!“ напиша Трамп.

Државните службеници изразиле загриженост во врска со заштитата на податоците за гласачите што ги побарала Комисијата, во кои се вклучени имиња, делумни броеви за социјално осигурување, историја на гласање и партиски припадности на луѓето. Критичарите исто така тврдеа дека комисијата работела за оправдување на тврдењата на Трамп и за отежнување на сиромашните и малцинските гласачи да учествуваат на изборите.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, кажа дека Трамп одлучил да ја расформира Комисијата „наместо да се впушта во бескрајни правни битки на сметка на даночните обврзници“. Таа додаде дека Одделот за домашна безбедност ќе ја разгледа работата на панелот и ќе реши како ќе се постапи понатаму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG