Линкови за пристапност

Телевизискиот коментатор Лери Кадлоу - нов економски советник на Трамп


Тој ќе го замени економскиот советник Гери Кон, кој минатата недела даде оставка

Претседателот Доналд Трамп го назначи Лери Кадлоу, долгогодишен конзервативен економски аналитичар и истакнат телевизиски коментатор, за главен економски советник на Белата куќа.

70-годишниот Кадлоу изјави дека ја прифатил понудата да биде директор на Националниот економски совет на Белата куќа.

Кадлоу доаѓа на местото на досегашниот економски советник Гери Кон, кој минатата недела даде оставка поради несогласување со Трамп околу трговската политика. Кон не успеа да го убеди претседателот да се откаже од воведување повисоки царини за увоз на челик и на алуминиум.

Кадлоу беше советник на Трамп за време на трката за Белата куќа во 2016-та година, а соработувал и со секретарот за финансии Стивен Мучин во формирање на планот за кратење на даноците, кој во Конгресот беше усвоен во декември, минатата година.

Децении наназад, Кадлоу работел во администрацијата на Роналд Реган, но, оттогаш, се преориентирал во професијата, телевизиски водител.

Една од првите заложби на Кадлоу во Белата куќа се очекува да биде ангажман во обновените преговори за Договорот за слободна трговија на САД со Канада и Мексико.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG