Ванеса Трамп, сопругата на Доналд Трамп Јуниор, побара развод. Барањето, кое е испратено до Врховниот суд на сојузната држава Њујорк е тајна, освен насловот на предметот.
Четириесетгодишните Ванеса и Доналд, преку Организацијата „Трамп“ издадоа заедничко соопштение:
„По 12 години брак, одлучивме да се разделиме. Секогаш ќе имаме огромна меѓусебна почит, како и кон нашите семејства. Заедно имаме пет прекрасни деца, и тие остануваат наш главен приоритет“, изјавија Трамп, барајќи јавноста да ја почитува нивната приватност.
Најстариот син на Трамп и поранешниот модел Ванеса Хејдон стапија во брак во 2005-та година
Изминативе месеци, Трамп Јуниор беше централна фигура во истрагата за можна поврзаност меѓу претседателската кампања на неговиот татко и Русија во изборите во САД во 2016-та година. Претседателот Доналд Трамп негираше таква поврзаност.
Трамп Јуниор, во 2016-та година договорил состанок со руска адвокатка во Кулата Трамп, која тврдела дека има штетни информации за демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон.
Facebook Forum