Линкови за пристапност

Трамп ја откажа средбата со данската премиерка, оти Гренланд не бил на продажба


Нашиот состанок закажан за две недели, ќе го одложам за некое друго време, напиша претседателот на Твитер

Претседателот на САД Доналд Трамп ја откажа закажаната средба со премиерката на Данска Мете Фредериксен, бидејќи таа нема да разговара за можна продажба на Гренланд на САД.

На неговиот Твитер профил Трамп напиша:

„Данска е посебна држава со прекрасни луѓе, но, врз основа на коментарите на премиерката Мете Фредериксен, дека не е заинтересирана да разговара за продажба на Гренланд, нашиот состанок закажан за две недели, ќе го одложам за некое друго време“, напиша Трамп.

Трамп излезе со идеја да го купи Гренланд минаната недела, но, официјални лица на Данска и Гренланд веднаш одговорија дека островот не е на продажба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG