Линкови за пристапност

Следната претседателска дебата ќе биде виртуелна; Трамп вели дека нема да учествува


Претседателот Доналд Трамп вели дека нема да учествува на следната претседателска дебата, откако беше соопштено дека ќе биде виртуелна, „за да се заштити здравјето и безбедноста на сите инволвирани“.

Американската комисија за претседателски дебати го објави планот за следната дебата во четврток, велејќи дека Трамп, кој е третиран за Ковид-19, и демократскиоот предизвикувач Џо Бајден, ќе партиципираат од одвоени, оддалечени локации.

Во соопштението, комисијата кажа дека дебатата закажана за следниот четврток, ќе биде како што првично било планирано, во Центарот за изведувачка уметност во Мајами, Флорида. Форматот на дебатата, во стил на „градски собир“, со кандидатите да одговараат на прашања од публиката, исто така ќе остане ист.

Запрашан за соопштението на Fox Business, Трамп рече, „Тоа не е прифатливо за мене. Нема да одам на виртуелна дебата“.

Кампањата на Бајден кажа дека поранешниот потпретседател ќе учествува.

Трамп во четврток рече дека се опоравува од Ковид-19 и дека не излегол од Белата куќа откако се вратил од Медицинскиот центар Волтер Рид во понеделникот.

Претседателот преку Твитер порано неделава рече дека однапред се радува на учеството на дебатата.

Упатствата на Центрите за контрола на болести советуваат лице што покажало позитивен тест за Ковид-19 да биде изолирано најмалку 10 дена. Позитивниот тест на Трамп беше објавен во петокот.

XS
SM
MD
LG