Линкови за пристапност

Трамп: Америка прва, не значи и Америка сама


Претседателот на САД се обрати на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, ги предупреди трговските партнери дека Вашингтон повеќе нема да толерира неправедна трговија, велејќи дека алчните активности биле нарушувачки за пазарите. „Ние ја поддржуваме слободната трговија, но таа треба да биде фер и реципрочна“, истакна Трамп.

„Соединетите Американски Држави веќе нема да ги следат неправедните трговски пракси“, изјави Трамп пред извршните директори, банкари и политички лидери на форумот. „Не можеме да имаме слободна и отворена трговија ако некои земји го експлоатираат системот на сметка на другите“, додаде тој.

Американскиот претседател подвлече дека интересите на Америка секогаш ќе бидат негов највисок приоритет, предвидувајќи дека САД ќе останат на врвот на глобалната економија.

„Секогаш ќе ја ставам Америка прва“, рече тој. „И лидерите на другите земји треба да го сторат истото за нив. Но, Америка прва, не значи и Америка сама“, истакна Трамп.

Трамп се обиде да ја ублажи загриженоста меѓу светските лидери во Давос, дека неговата агенда „Америка прва“ ќе го наруши глобалниот систем којшто го поддржува самитот.

„Кога растат САД, расте и светот“, истакна Трамп. „Воедно, САД се отворени за бизнис и ние сме повторно компетитивни на пазарот“.

(Глас на Америка) (Ројтерс)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG