Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Како негов приоритет се очекува да ја фаворизира агендата „Америка прва“, согласно која САД воведоа царини на одреден увоз и побараа обнова на глобалните трговски договори.
Другите светски сили, вклучувајќи ги Европа, Кина и Јапонија, бараат обновување на посветеноста на глобалната слободна трговија.
Организаторите се надеваат дека форумот ќе помогне во усогласување на спротивставените визии.
Ставот на Трамп кон глобализацијата, предизвикува тензија пред неговиот говор во петок, со кој ќе го затвори самитот .
Facebook Forum