Линкови за пристапност

Трамп ќе потпише легислатива за ДАКА


Во невообичаено телевизиско пренесување на средба во Белата куќа, претседателот рече дека „нешто мора да се стори“ да се поправат неуставните акции на неговиот претходник.

Белата куќа денеска кажа дека е „шокирана“ што американски федерален судија наредил претседателот Доналд Трамп да ја задржи програмата што заштитува од депортација стотици илјади имигранти кои влегле илегално во земјата кога биле деца.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс рече: „Прашање со ваква важност мора да оди низ нормален легислативен процес“.

Таа додаде дека Трамп е „определен за почитување на владеењето на правото, и ќе работи со членови од двете партии, за постигнување на трајно решение што ќе коригира неуставни акции“ за кои кажа дека биле преземени од претходникот на Трамп, поранешниот претседател Барак Обама, со креирање на програмата за заштита на 800.000 млади имигранти од депортација.

Претседателот на прашањето се осврна претходно во денот, на состанокот на неговиот кабинет:

„Ние сакаме да видиме нешто да се случи со ДАКА. За тоа се зборува со години и тие деца сега се возрасни“.

Претседателот на клучните законодавци на средбата во Белата куќа, им кажа дека „ќе потпише секаква легислатива за која ќе се постигне согласност“.

Конгресот има време до 5-ти март да дојде до решение, откако претседателот ја укина програмата во ноември.

Ова горливо прашање за имиграцијата деновиве зеде преседан, во време кога Конгресот се соочува со рокот 19-ти јануари кога истекува финансирањето на владата, што веќе три пати се одложува, со привремени решенија за буџетот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG