Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека не постигнал договор со конгресните демократски лидери во врска со недокументираните имигрантите кои во државата дошле како деца, a беа заштитени од депортација со Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA). Трамп ја укина оваа програма минатата недела.
Демократската лидерка во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и демократскиот лидер во Сенатот, Чак Шумер по синоќешниот состанок со Трамп, изјавија дека постигнале согласност за заштита на околу 800.000 лица кои се регистрирале според ова програма.
Пелоси и Шумер рекоа дека планот вклучува разработување на пакет за гранична безбедност, во кој не е вклучен предлогот на Трамп за изградба на ѕид долж границата со Мексико.
„Синоќа не беше постигнат договор за ДАКА“ напиша Трамп на Твитер. „Ќе треба да се договори поголема гранична безбедност во замена за таква согласност. Тоа ќе биде предмет на гласање“.
Трамп рече дека ѕидот „ќе продолжи да се гради“. Тој, исто така, изрази поддршка за оние кои биле опфатени со ДАКА, откако го промени ставот од време на кампањата, кога програмата ја нарекуваше „амнестија“.
Кога ја укина ДАКА, Трамп на Конгресот му даде шест месеци да изнајде трајно решение по прашањето.
Facebook Forum