Линкови за пристапност

Трамп најави ревизија на ДАКА


Поранешниот претседател Обама ја критикува одлуката

Претседателот на САД Доналд Трамп, кажа дека ако Конгресот во дадениот рок од шест месеци, не постапи по прашањето, ќе ја преиспита одлуката за ставање крај на Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA). Со неа, од депортација се заштитени речиси 800.000 млади, недокументирани имигранти.

Трамп вчера на Твитер напиша дека „Конгресот сега има шест месеци да ја легализира ДАКА (нешто што администрацијата на Обама не успеа да го стори). Ако не можат, ќе го разгледам ова прашање.“

Во моментов, нема информации дали Конгресот ќе презеде акција. Изминативе неколку години законодавците не успеаа да направат значителна ревизија на американската имиграциона политика. За време на осумте години претседателствување на Барак Обама, Сенатот под контрола на Демократска партија, одобри неколку позначајни мерки, но тие беа отфрлени од Претставничкиот дом, кој беше под контрола на републиканците.

Претседателот Трамп донесе одлука за ставање крај на ДАКА, но контроверзната промена на политиката, ја објави главниот правобранител Џеф Сешнс.

Актот значи укинување на извршната наредба издадена пред пет години од поранешниот претседател Барак Обама.

Обама, кој вообичаено се воздржува од коментари на работата на претседателот Трамп, одлуката ја нарече „политичка“ и рече дека е насочена кон млади луѓе кои „не сториле ништо лошо“.

Демонстрации против овој чекор на актуелната администрација, беа организирани во Вашингтон, Лос Анџелес, Њујорк, Денвер и други градови во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG