Од Одделот за правда на САД велат дека ќе го преземат она што јавниот обвинител Џеф Сешнс го нарече „редок чекор, за да побараат од Врховниот суд да ја поништи пресудата донесена од калифорниски суд, со која се спречи ставање крај на Програмата за одложено пристигнувања на деца (ДАКА).
Од администрацијата на Трамп рекоа дека планираат да поднесат барање за ревизија на програмата од страна на Врховниот суд.
Потегот е „редок“, бидејќи администрацијата постапува пред да заврши сегашната судска постапка во Апелациониот суд во Сан Франциско.
Јавниот обвинител Сешнс објаснувајќи го својот чекор, рече дека одлуката е во спротивност на „законот и здравиот разум“, затоа што му дозволува на федерален судија да одлучи за ДАКА која се однесува за целата држава.
Одговарајќи на потегот, јавен правобранител на Калифорнија, Хавиер Басера, рече дека е „уверен оти апелационите судови ќе ја видат логиката и правдата зад издавањето на прелиминарната одлука на окружниот суд“, која ја штити програмата, се` додека по предметот не биде одлучено од страна на судовите.
Претходно, претседателот Доналд Трамп ги критикуваше демократите, велејќи дека нивните барања за вклучување на програмата ДАКА, која се однесува на заштита на младите недокументирани имигранти кои дошле во државата како деца, го спречува донесувањето на буџетот, што најмногу ќе се одрази врз армијата на САД:
„Демократите сакаат да ја затворат владата, поради амнестијата за граничната безбедност. Најголемиот губитник ќе биде обновувањето на армијата, во време кога ни` е најпотребна. Потребен ни` е систем за имиграција заснован на заслуги, и ни` треба токму сега! Лотаријата за зелена карта е опасна“, напиша Трамп на Твитер.
Конгресната дискусија во Белата куќа во врска со ДАКА се прошири на низа итни состаноци оваа недела, со цел да се задржи функционалноста на владата и после петок на полноќ, кога истекува актуелното финансирање.
Facebook Forum