Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека кратењето на финансирањето на Светската здравствена организација ќе премине од привремено во трајно, доколку агенцијата „не се заложи за поголеми суштински подобрувања во наредните 30 дена“.
Во писмото до генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габрејесус, Трамп наведе список со критики како аргумент дека агенцијата покажала „алармантен недостаток на независност од Народна Република Кина“ за време на пандемијата на коронавирусот.
„Јасно е дека повторените погрешни чекори од вас и вашата организација во одговорот на пандемијата се многу скапи за светот. Единствена опција за Светската здравствена организација е, ако може, да демонстрира независност од Кина“, напиша Трамп.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека писмото на Трамп е обид да ја обвини Кина и САД да ги избегне своите меѓународни обврски.
Повеќе нации во светот се приклучија на повикот за независна истрага на кинескиот одговор на пандемијата по критиките дека не направила доволно за го спречи ширењето на пандемијата. Дел од ваквите заложби е и резолуцијата на ЕУ во Светското здравствено собрание со која се бара независна и сеопфатна истрага.
Facebook Forum