Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека не размислува за воведување карантин во целата држава, туку само во некои делови.
Тој, на прес конференција, најави нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, велејќи дека новата реалност со коронавирусот би можела да трае дури до јули и август.
Трамп нагласи дека економијата можеби се движи кон рецесија како резултат на оваа криза.
Сепак, претседателот, меѓудругото, најави дека состојбата со авионските линии ќе се поврати 100 проценти.
Белата куќа соошти дека засега бројот на лица тестирани за коронавирус е непознат, додека Трамп препорача луѓето да бараат да бидат тестирани само доколку чувствуваат симптоми на овој вирус.
Facebook Forum