Линкови за пристапност

Трамп побара 2,5 милијарди долари од Конгресот за борба против коронавирусот


Демократите не се согласуваат со планот, велејќи дека Белата куќа не прави доволно

Кина и Јужна Кореја во вторник известија за нови случаи на коронавирус, додека берзите во Јапонија имаа втор последователен ден на пад, по големите вчерашни глобални загуби, а претседателот Трамп побара од Конгресот 2,5 милијарди долари додаток во предлог-буџетот за борба против епидемијата.

Администрацијата на Трамп во понеделникот поднесе барање до Конгресот, велејќи дека парите ќе се употребат за развивање вакцини, купување средства за третман и заштитна опрема.


Претставниците на кинеското здравство рекоа дека имало 71 нов смртен случај и 508 нови случаи во државата, со што бројот на зафатени со епидемијата, што започна пред два месеци, се искачи на повеќе од 2.663 мртви и 77.500 заразени лица.

Јужна Кореја беше најтешко погодена држава покрај Кина, со случаи што надминаа илјада инфицирани и 10 мртви.

Тамошните власти го одложија почетокот на училишната година, ги стерилизираа просториите на Националното собрание и ги поттикнаа луѓето да останат дома доколку почувствуваат дека имаат покачена температура или респираторни проблеми. Официјалните лица исто така го одложија почетокот на сезоната на домашната фудбалска лига, а во вторник професионалната кошаркарска лига соопшти дека натпреварите ќе се одвиваат без гледачи.

Иран извести за зголемување на бројот на заболени кој достигна 95 со најмалку 15 смртни случаи.

Обединетите Арапски Емирати преку државната новинска агенција соопштија забрана за летовите кон и од Иран како одговор на епидемијата со вирусот.

Во понеделникот неколку држави беа додадени на листата на зафатени со коронавирусот, како Ирак, Авганистан, Кувајт, Бахраин и Оман, од кои секоја има врски со Иран.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика владите во светот „да сторат се` што е потребно“.

Трамп во вторник рече дека Кина „интензивно работи“ и дека мисли оти „ситуацијата во САД е добра во моментов“.

Неговата администрација во понеделникот поднесе барање до Конгресот, велејќи дека парите ќе се употребат за развивање вакцини, купување средства за третман и заштитна опрема.

Демократите не се согласуваат со планот, велејќи дека Белата куќа не прави доволно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG